Џеј Ло без шминка и со провокативен шлиц

16 август 2023

Сакајќи да им покаже на фановите како изгледа без шминка, Џеј Ло објави видео на својот Инстаграм профил на коешто вели дека се чувствува подобро од било кога.

Ѕвездата, која неодамна наполни 54 години, го покажа своето лице кое мораме да признаеме изгледа навистина свежо и полно со енергија.

Како што и самата вели, тоа е вистинската Џеј Ло, без филтри, која многу време поминува грижејќи се за својот изглед. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (jlo)

А кога не е дома да го негува своето лице со скапа козметика, Џенифер се стилизира за дневните обврски надвор.

Oвојпат популарната Џеј Ло беше забележана во Њујорк облечена во пастелно портокалов фустан со шлиц, којшто се протегаше речиси до меѓуножјето.

Аутфитот го дополни со транспарентни сандали на потпетица, бела чанта и портокалови очила.

Лопез пред некое време се врати од Капри, Италија каде помина дел од летниот одмор.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (jlo)

Фото: ELLE/IMAGE DIRECT

Објавено:
16 август 2023
Категорија: 
Sweet 40+