Џулијан Мур блесна во Alaïa фустан со полка точки на коктел забавата пред Венецискиот филмски фестивал 2022

31 август 2022

Вчера, на инаугуративната коктел забава во рамките на 79-тото издание на Венецискиот филмски фестивал, оскаровката Џулијан Мур блесна во извонредна креација со потпис на Alaïa.

 Фото: wwd.com

Актерката и претседателка на жирито беше забележана како пристигнува заедно со директорот на фестивалот, Алберто Барбера, облечена во едноставна, но елегантна црна свилена тоалета со горен дел во форма на срце и долен дел пропрскан со жолти почка точки.

 Фото: avitoa.com

Фото: wwd.com

 

Останатите членовите кои го сочинуваат жирито на Венецискиот филмски фестивал оваа година се Маријано Кон, Леонардо Ди Костанцо, Одри Диван, Лејла Хатами, Казуо Ишигуро и Родриго Сорогојен. Жирито ќе одлучи кој ќе ја добие посакуваната награда Златен лав за најдобар филм на крајот од филмскиот фестивал.

Филмскиот фестивал во Венеција официјално започнува денес и ќе трае до 10 септември. Фестивалот ќе го види дебито на неколку високоочекувани филмови, вклучувајќи го и „White Noise" на режисерот Ноа Баумбах, со Адам Драјвер и Грета Гервиг во главните улоги; „The Whale" на режисерот Дарен Аронофски со Брендан Фрејзер и Сејди Синк во главните улоги и „Don't Worry Darling" на режисерката и актерка Оливија Вајлд со Хари Стајлс и Флоренс Пју во главните улоги.

Фото: avitoa.com

Иако филмскиот фестивал официјално сè уште не е започнат, Мур веќе остави впечаток со нејзиниот префинет стил. Пред инаугуративните коктели, Мур пристигна во Венеција облечена во темно син блејзер врз бела кошула во комбинација со тексас фармерки и платнена чанта од колекцијата Gucci Love Parade.

Фото: wwd.com

Објавено:
31 август 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
456 пати