Секогаш прекрасната 58 годишна актерка Џулијан Мур осамна на насловната страница на последното издание на магазинот In Style, уникатна и стилска како и секогаш.

Таа е вистинска сензација во сина свилена кошула на Том Форд и црн џинс со висок струк украсен со стилски ремен, a подеднакво е уникатна на сите останати фотографии и беспрекорни стајлинзи. 

Во интервјуто по повод 25 годишнината од магазинот што на актерката ѝ го правеше познатиот модел Хелена Кристенсен, таа говори за периодот од животот кога воопшто не била среќна со себе и кои биле причините за тоа.

„Години наназад поминав многу време за мојата кариера да изгледа онака како што изгледа денеска. Многу размислував и за тоа каков сакам да биде мојот личен живот. Од тогаш до сега, успеав да постигнам многу работи што ги замислив и тоа е супер“, вели актерката во интервјуто.

Таа додава и дека жените ги учат дека мора да работат многу вредно, но и дека љубовниот живот е нешто што се случува сосема спонтано, доволно е само да „пукнеш“ со прстите, со што не се согласува.

Актерката со сопругот Барт

„Цели 23 години сум со истиот човек. Тоа е навистина неверојатно. Си се допаѓаме. Инвестираме еден во друг, ние сме семејство. Не постои друг човек на планетава што е толку заинтересиран за твоите деца како што е тоа нивниот татко“, вели актерката која е мајка на 21 годишниот Калеб и 17 годишната Лив.

Во интервјуто таа говори и за проблемот со годините што го има општеството, особено со годините на жените.

„Во минатото, единствено важно било тоа како изгледаат жените и со кого ќе се омажат. Денеска е поинаку, не мора да се држиме до тие традиционални вредности. Не е важно колку години има жената, затоа толку многу сакам да го изоставам тоа прашање од сите мои интервјуа. Тоа е здодевно прашање, многу сексистичко“, вели легендардната актерка.

Таа говореше и за тоа колку и е важна модата и колку добро соработува низ годините со нејзиниот омилен дизајнер Том Форд во чија креација се појавува на насловната на магазинот.

Дека е и модна икона докажува фактот што голем број од дизајнерите сакаат да ја облекуваат и дека речиси никогаш нема направено грешка во комбинациите, без разлика за каков настан се работи.

Актерката имаше уште едно ултра стилско лето, па погоре во галеријата можете да ги погледнете комбинациите што ги издвоивме како инспирација за тоа дека и дамите над 50 можат да екпериментираат  и да изгледаат супер стилски во секој момент.

Инфо и фото: In Style, Daily mail, tportal.hr

Фото: Phil Poynter/In Style

Објавено:
7 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
461 пати