Ени Ленокс: Притисокот за совршенство е преголем

29 јануари 2019

Ени Ленокс, пејачката на групата „Eurythmics“ ја краси насловната страна на магазинот „Good Housekeeping“. Во интервјуто зборува за ќерките Лола (28) и Тали (25), за кои ќе каже дека се надева дека се горди на неа и нејзините успеси во музичката кариера, која трае веќе 40 години.

Исто така, зборува и за справувањето на годините.

„Верувам дека моите ќерки го ценат она што го направив за нив и тоа што и понатаму го правам. Горда сум на двете девојки, на тоа какви луѓе се. Јас растев во Шкотска во 1950-тите години и никој не покажуваше нежност, бидејќи тогаш тоа се сметаше за слабост. Со своите ќерки сакав да се „оддолжам“ за моето детство“, објаснува Ленокс.

Таа пред нешто повеќе од месец дена наполни 64 годни, а енергијата се уште ја служи фантастично.

„Сакам да стареам достоинствено. Досега не сум се подвргнала на третмани за подмладување. Не ги осудувам жените што го прават тоа. Ако благодарение на козметичките третмани добиваат психолошки поттик и сила, тоа е нивен избор. Имам 64 години и брчки, што ќе правиме со тоа? Своите линии на лицето ги заслужив. Притисокот кој се врши на жените за секогаш да изгледаат совршено е пресилен. Но, во овој стадиум од животот, здравјето го сметам за најголем подарок“, вели пејачката. 

Во разговорот се осврна и на феминизмот.

„Среќна сум што можам да го користам зборот на „Ф“ и да зборувам слиободно за тоа дека сум феминист. Не така одамна, не можевте дури ниту да го споменете зборот, а на луѓето да не им стане непријатно или да ви изреагираат лошо. Но, светот излезе од сенката и изгледа дека сите почнаа да го користат. Терминологијата на нештата е исклучително важна. Глобалниот феминизам апсолутно го вкучува мажит. Нас ни требаат мажи кои се горди да се идентификуваат со оваа проблематика. Не ги критикуваме мажите како такви, туку негативните и насилнички однесувања. На крајот,  се работи за фундаментални човекови права на девојките и жените - зошто би требало да продолжиме да го толерираме непочитувањето, злоставувањето и неодобрувањето“, потенцира Ленокс.

Текстот е покрепен со едиторијал, а дел од фотографиите ви презентираме во продолжение:

 

Објавено:
29 јануари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
349 пати
Извор: 
daily mail