Универзитет во Глазгов ќе го носи името на Ени Ленокс

7 јули 2022

Каледонскиот универзитет во Глазгов ја преименува зградата по ѕвезда на Eurythmics, Ени Ленокс. Според Директорката на универзитетот преименувањето на зградата е со цел да се оддаде признание на сè што поранешната пејачка и текстописец направила за универзитетот и неговите студенти.

Ени Ленокс | Фото: BBC Ени Ленокс | Фото: Wikimedia

Ленокс (67), која стана првата жена канцелар на универзитетот во 2018 година, рече дека тоа е „неверојатна чест", и се очекува да присуствува на три церемонии за дипломирање во следните два дена.

Пред да постигне огромен успек како член во рок групата The Tourist во доцните 1970ти, Ени Ленокс порасна во Абердин. Подоцна, таа и нејзиниот колега музичар Дејв Стјуарт го освоија светот во 1980тите под името Eurythmics, со хитовите како „Sweet Dreams (Are Made of This)" и „There Must Be an Angel (Playing with My Heart)".

Покрај успешната соло кариера, Ленокс е активна и како активист и хуманитарец. Таа е поддржувач на родовата еднаквост и климатските активности и учествуваше во онлајн дебата за време на COP26. Нејзината улога како канцелар на Каледонија од Глазгов вклучува формални и церемонијални должности, како што се доделување дипломи на студенти и поддршка во нејзините цели за социјална правда.

Неверојатна чест е да се има таква прекрасна зграда на кампусот на Каледонскиот универзитет во Глазгов, именувана по мене. - изјави Ленокс за медиумите. - Со нетрпение очекувам лично да учествувам во церемониите за дипломирање на GCU оваа недела, по последните две години, кога единствениот начин на кој можевме да се поврземе беше преку Zoom.

Зградата порано беше позната под името „Хамиш Вуд", и беше именувана споед поранешен професор на универзитетот, кој почина во 2009 година.

Објавено:
7 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
63 пати