Ева Лонгорија покажа како се носи цветен принт и во зима
•
20 ноември 2019
Во Мексико Сити вчера беше организирана петтата по ред „Global Gift Foundation USA“ гала, на која се појави и актерката Ева Лонгорија.
Таа како соработник на фондацијата, беше меѓу поканетите, а на црвениот килим го привлече вниманието во фантастична креација.
Се работи за макси фустан со долги ракави, кои во делот кај глуждот се шират. Она што го прави уште поженствен е длабокото деколте во V-израз, кој на актерката совршено ѝ прилега.
Едноставната фризура и природната шминка одлично се совпаѓаат и не го одвлекуваат вниманието од фустанот.
Погледнете: