Клаудија Шифер и Версаче - моќна, модна комбинација

18 февруари 2024

Модната куќа Версаче и легендарната Клаудија Шифер имаат силна врска.

Нејзиниот основач, назаборавниот Џани Версаче беше тој што најмногу ѝ помогна на Шифер кога ги правеше првите чекори на модната сцена.

Заедно со оваа модна куќа таа стана и една од оригиналните супермодели, кои сеуште го носат тој статус.

И денес Донатела ја нарекува легендарна и затоа ја ангажираше за нејзината кампања пролет/лето 2024-та..

На фотографиите ја гледаме Шифер како држи чанта од новиот Medusa '95 модел, на која што има металик детаљ којшто ја претставува Медузата, препознатливиот знак за Версаче.

Медузата за прв пат беше претставена како заштитен симбол на модната куќа во 1995-та.

Шифер изгледа прекрасно во пастелно розово, карирано здолниште и елегантен блејзер, а мами воздишки и во зелен фустан со кој што го затвори модното шоу на Версаче минатиот септември.

Таа позира и во моќно, топлес издание држејќи само Medusa '95 чанта докажувајќи дека и на 53 гордо го носи статусот легендарен супермодел.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Versace (versace)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Versace (versace)

Објавено:
18 февруари 2024
Категорија: 
Sweet 40+