Клаудија Шифер, моделот со рекордна бројка на насловни страни, полни 53 години

25 август 2023

Една од најпознатите жени во моделингот Клаудија Шифер денес полни 53 години.

Прекрасната германка која беше легендарна во 90-те, зад себе има и актерска кариера.

Клаудија живее и работи во Велика Британија и до денес важи за модел со најголем број на насловни страни.

Шифер на почетокот на кариерата била споредувана со Брижит Бардо, а малкумина знаат дека сакала да стане адвокат.

Таа зборува течно англиски, германски и француски.

За прв пат чекореше по модната писта во јануари 1990-та, кога Карл Лагерфелд ја одбра за ново лице на Шанел.

Еlle, Vogue, Harper's Bazaar и Cosmopolitan се само неколкуте магазини на чиишто насловни страни се нашла Клаудија.

Во војата плодна модна кариера Шифер има работено за Versace, Karl Lagerfeld, Yves Saint Laurent, Christian Dior, Fendi, Michael Kors, Dolce & Gabbana, Ralph Lauren, Balmain, Louis Vuitton, Prada, Oscar de la Renta, Donna Karan, Thierry Mugler, Chanel and Valentino...

Во 1997-ма, супермоделот потпиша ексклузивен договор со L'Oréal кој сè уште трае. Клаудија е една од моделите којашто најдолго соработува со брендот за козметика и е нивен амбасадор.

Моментално важи и за амбасадор на УНИЦЕФ во Велика Британија.

Супермоделот беше долги години во врска со познатиот магионичар Дејвид Коперфилд и често учествуваше во неговите шоуа.

Откако се разделија Шифер се омажи за англискот режисер Метју Вон, а парот заедно има син и две ќерки.

Го издвојуваме најдоброто од неа - среќен роденден Клаудија Шифер.

Фото:Pinterest

 

Објавено:
25 август 2023
Категорија: 
Sweet 40+