Кралицата Летиција држи модни лекции: Елеганцијата може да биде и практична, во ниски чевли

18 октомври 2022

Поради болки во стапалото, шпанската кралица Летиција периодов се откажа од високите потпетици и покажа дека елегантниот изглед не ги исклучува и ниските и удобни чевли.

Дијагнозата невром на Мортон, мускуло-скелетен проблем што предизвикува болка во горната страна на стапалото, е причината поради која во последно време кралицата Летиција почесто носи рамни и удобни чевли, наместо високите потпетици во кои навикнавме да ја гледаме.

Но, тоа воопшто не влијае на позитивниот впечаток за нејзиниот стил. Напротив, деновиве таа беше во официјална посета на Германија, каде се појави во перфектно стилизирано издание со удобни оксфордки и покажа врвна елеганција со избор на практични обувки.

Облече елегантен дводелен костум на пруги, со бела едноставна маичка – и ја имаше победничката комбинација.

Фото: Vogue/Инстаграм

Објавено:
18 октомври 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
583 пати