На 50 години научив дека не треба да се извинувам за нередот во домот

17 јули 2019

Велат дека со годините доаѓа и мудроста. Како старееме така сфаќаме на што вреди, а на што не да го потрошиме времето.

Нас денеска вниманието ни го провлече текстот на една 50-годишна жена, која споделува кои осум работи ги научила до 50-тата година, а ги пренесуваме во продолжение:

„Повеќе од половина живот го поминав осврнувајќи се на мислењата на погрешни луѓе. Сега, кога наполнив 50 години, ги сфатив вистинските вредности во животот. Сфатив дека сум престара за овие осум работи кои ми биле пречка целиот живот...

 

Престара сум да молчам

Не сакам веќе да молчам кога некој ќе ми каже нешто што не ми се допаѓа или не ми одговара. Не сакам да „климнувам“ со глава или да се согласам со секој глупав човек или човек кој сам на себе си е доволнo. Не сакам да молчам на неправда. Кога ќе видам дека нешто не е во ред, сакам да викнам на цел глас, бидејќи животот стана прекраток за да се молчи за неправдата.

 

Престара сум да се грижам како им изгледам на другите луѓе

Веќе со години им завидувам на мажите, бидејќи тие не „мораат“ секои десет дена да ја бојадисуваат косата за да ги сокријат белите влакна. Мажите не мораат наутро да ставаат килограм пудра на лице и да се грижат затоа што им се гледаат брчките од грижи или насмевка. Сега сум доволно возрасна за да знам дека сум најубава таква каква што Бог ме создал. Имам брчки, бројот не им се знае, бело ми е секое второ влакно, но дури сега сум задоволна таква каква што сум. Прашањето „Што ќе речат соседите“ не ме допира веќе извесно време и благодарна сум му на Бога, бидејќи луѓето станаа толку неважни во мојот живот, така што за нивните коментари развив селективен слух.

 

Престара сум за ситни, мали „гревови“

Сега сум доволно возрасна да имам само - „гревови“ :)! Сладоледот во недела прерасна во сладолед секој ден. Така што, сега уживам во своите забранети задоволства кои веќе не можат да се вбројат во мали, бидејќи и апетитите доста ми пораснаа.


Престара сум за неудобни обувки

Сега гледам дека во животот ништо да не ме ограничува. А моето движење со години го ограничуваа високите потпетици. Не можев да чекорам со темпото со кое сакав. Секогаш нешто ме болеше, ме притискаше... Сега носам само удобно и тоа е тоа. 

 

Престара сум да се извинувам за нередот во домот

Хаос ми е дома, затоа што имам попаметни работи да правам од чистење. Ете, затоа така изгледа да, куќата никогаш не ми е чиста како аптека, како порано.

 

Престара сум и за натрупување работи во домот

Не собирам и не чувам веќе ништо. Да не почнав на време да фрлам некои стари хартии, кутии, облека, до сега во куќата немаше да има место и за мене. Спомените ги чувам исклучиво во глава.

 Престара сум за да се дружам со луѓе кои не ми одговараат

Зошто да трпам луѓе кои ми одат на нерви? Нека им е со среќа и што подалеку од мене. Имам доволно години за да знам чие присуство ми одговара, чие не. Оној кој не ми одговара, нема веќе ни да ме види.

 

Престара сум за да наоѓам добро во секого

Зошто да губам време? Сите луѓе, судејќи по делата, не се добри. Тоа е така едноставно. Ако некој направил нешто лошо, а го направил со лоша намера, нема шанси да го оправдам повторно. Делата зборуваат повеќе од зборовите. Сега сум доволно возрасна за да кажам само: „Драг/драга ти не си добра личност“ и да продолжам понатаму.

 

Се согласувате ли?

Објавено:
17 јули 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.180 пати