Парис Хилтон стана мајка на девојче

27 ноември 2023

Откако пред неполна година соопшти дека стана мајка за прв пат, Парис Хилтон повторно ја изненади јавноста со веста дека со сопругот добиле уште едно бебе.

Ќеркичката парот ја доби од сурогат мајка, исто како и синчето Феникс пред 11 месеци.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (parishilton)

Наследничката на империјата Хилтон веста ја објави на Инстаграм споделувајќи фотографија од розова бебешка облека на која е испишано името Лондон.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (parishilton)

Необичното име на својата ќерка, Парис изјави дека го планирала уште пред 10 години.

Таа и сопругот Картер Реум, со којшто се венчаа во 2021-ва, се пресреќни за новиот член во семејството, а наследничката ги потврди вестите со натписот “Мојата принцеза пристигна!!”

Честитки!

Објавено:
27 ноември 2023
Категорија: 
Sweet 40+