Популарниот фустан со точки во интерпретација на кралицата Летиција

5 септември 2019

Со исклучителната претставителност, шпанската кралица Летиција е секогаш пример за дама која речиси да нема стилско промашување.

Уште едно во низата нејзини воодушевувачки јавни појавувања, беше кога завчера на формален настан со нејзинот сопруг, кралот Филип, таа се појави во елегантен фустан во темно сина нијанса со принт во точки.

Во крој што идеално прилега на нејзината фигура, со суптилно V деколте, кралицата Летиција е стилска лекција на која може да се огледат првите дами.

А токму овој модел на фустан и принтот со точки, повторно ќе бидат во модниот фокус и есенва, па овој аутфит на кралицата Летиција го посочуваме како дополнителна инспирација.

 

Објавено:
5 септември 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.295 пати