Шерон Стоун во едиторијал за Vogue Арабија: Разговори за стареењето, сексизмот, правата на жените

31 август 2022

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун (64) изгледа фантастично во едиторијал за Vogue Арабија, позирајќи во раскошни креации од врвни брендови, меѓу кои и Зухаир Мурад, Долче и Габана, Ели Сааб и Валентино.

Фото: Vogue

Но, покрај блескавите тоалети, во ова издание на Vogue, Шерон ја претстави и својата нефлитрирана страна преку искрено интервју и разговори на вечно сензитивните теми: стареењето, сексизмот и правата на жените.

Во интервјуто таа отворено зборува за проблемот со кој се соочуваат жените по 45-тата година, наведувајќи дека тие „стануваат невидливи" во свет во кој владее фобија од стареење и сексизам.

Дополнително, Шерон зборува за почетоците на нејзината кариера и повлекува паралела помеѓу токсичната мажественот пред и по #MeToo движењето, посочувајќи дека со неодамнешните промени во законот и легализацијата на абортусот во Америка, се гледа дека правата на жените се уште во поголема опасност.

Фото: Vogue

Во интервјуто, актерката говори и за тоа како токму тој однос и третман на жената во акрескиот свет допринел неколку нејзини улоги да останат сосем незабележани. А разговорите за јавната личност на Шерон Стоун неизбежно се сретнуваат со оние за нејзиниот приватен живот, вклучувајќи ја и нејзината љубовна врска со помлад партнер кој ја оставил затоа што одбила да користи ботокс.

Притоа, таа открива дека во одреден период во екот на славата, таа сепак била принудена да користи филери и ботокс.

„Имаше периоди во екот на славата кога користев ботокс и филери. Потоа имав масивен мозочен удар и деветдневно мозочно крварење. Како последица на тоа, морав да ставам повеќе од 300 инјекции со ботокс и филери за да си ја вратам едната страна од лицето во нормала. Ова искуство засекогаш го промени начинот на кој гледам на естетските и козметички зафати. Се претвори од сладок луксуз, во некаква масивна, болна невролошка потреба.

Фото: Vogue

Актерката, која приватно е и мајка на три посвоени момчиња, неодамна посвои и четврто дете откако неговиот родител починал од Ковид.

„Се работи за дете на мој пријател и тој дојде да живее со нас кога почина татко му. Мислам дека ќе имав повеќе деца ако имав партнер", изјави актерката која неодамна откри дека има изгубено девет деца поради спонтани абортуси.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

 

Објавено:
31 август 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
339 пати