Спој на тренд и безвременост: Дамите од Sweet40+ воодушевени од новата колекција чанти на Елена Лука

13 јули 2019

Во салонот на македонскиот бренд Елена Лука денеска се одржа нова непосредна дружба со членките на онлајн платформата Sweet 40+. Позитивни, насмеани и расположени за нова средба, дамите уште еднаш покажаа дека ваквите иницијативи се нешто во што максимално уживаат.

Овој пат, можноста да се запознаат одблиску со новата колекција чанти со потпис на етаблираниот бренд, придонесе возбудата да биде уште поголема.

-Многу ми е драго што средбите со дамите од Sweet40+ веќе станаа традиција, што секако и беше наша  замисла. Но, кога гледате дека тие навистина со уживање доаѓаат, ја гледат Елена Лука како пријатно место во кое сакаат да се враќаат повторно, тогаш и нашето задоволство е поголемо. Онлајн платформата Sweeto40+ стана омилено место на дами од различни генерации, што посебно ме радува. Станавме како семејство кое споделува моменти од секојдневието, размислувања на различни теми и тоа е навистина значајно. Токму затоа и ме интересираше нивното мислење за она што Елена Лука како бренд го нуди, бидејќи многу е важно да се слуша мислењето на оние за кои всушност и постоите – потенцира Елена Пандева, генералниот менаџер на Елена Лука и онлајн платформата Sweet40+, која всушност е и иницијатор за дружбите во рамки на модната куќа.

Елена Пандева, генерален менаџер на Елена Лука

Колекцијата чанти која веќе е достапна во салоните на Елена Лука и е во продажба, го привлече вниманието на дамите, кои веднаш ги споделија своите впечатоци.

-Втор пат присуствувам на вакви дружења, првиот пат понесов многу убави впечатоци, што ме инспирираше да дојдам и денес. Чантите кои денеска ги гледаме тука, се прекрасни. Целата колекција е убава хармонија на елеганција, стил, со доза на авангарда во однос на одредени детали на чантите и многу ми се допаѓаат - вели Јасмина Трпковска.

Позитивни впечатоци сподели и Розалија Секуловска, која за првпат присуствуваше на ваква средба и другарување.

- Кога влегов имаше убава музика и миризба, и се почувствував како да сум во бајка. Се почувствував навистина како дама. Ги сакам пастелните бои во лето и за мене овие чанти со помали димензии се предизвик, во позитивна смисла. Најчесто носам големи чанти каде носам сè, дури и тоа што не ми е потребно, а оваа е мала, убава елегантна, да се стават најважните работи. Ми се допаѓа, ова е нов стил за мене - искрена е Розалија Секуловска.

Розалија Секуловска

Јасмина Трпковска

Позитивните зборови на дамите, се мотив за целиот тим, посочува сопственичката Елена Пандева.

- Елена Лука ова лето работи со полна пареа. Презентиравме неколку новитети и проекти. Сакав да отидам едно ниво понатаму и ги презентиравме новите модели на чанти, идеални за секоја пригода и за жени од различни возрасти. Модата веќе одамна не се дели на „млади“ и „стари“, па затоа понудивме модели кои се истовремено и безвременски и тренди и секако квалитетни. Многу сум среќна што реакциите што ги добивме се позитивни, што е потврда дека сме направиле вистински чекор и сме на вистинскиот пат. Токму затоа, мојот тим и јас, нема да застанеме тука. Новитети допрва следат од Елена Лука, а секако во служба на нашите клиенти – сегашни и идни. Со сето ова што го правам заедно со тимот, сакам да ѝ понудам на модерната, денешната жена, комплетен производ на повеќе нивоа. Тоа одамна е пракса на светските брендови, а ние секогаш тоа светското сакаме да го доближиме и до нашиот пазар, да понудиме светски производи, но со домашен дизајнерски потпис. Тука, накратко ќе ја споменам и линијата Elena Luka Princess, која на мое огромно задоволство имаше одличен одзив и прием кај клиентите. Сакавме да направиме нешто посебно, уникатно за најмалите, бидејќи тие навистина го заслужуваат тоа и секоја нивна насмевка и радост е богатство. Навистина сум благодарна што нашиот труд и идеја се препознаваат и што радуваат луѓе, што секако е мотивација за понатамошна работа – вели Пандева.

Нејзините зборови ги потврдија и денешните гостинки. Новите чанти веднаш им го привлекоа вниманието, што поради свежата палета бои, што поради привлечниот дизајн, како и поради нотата на елеганција што ја содржат, а што според нив е многу важно при изборот на чанта.

Дијана Јанкуловска

-Генерално многу сакам чанти и чевли, тоа е моја пасија. Чантите се прекрасни, елегантни, женствени и се вклопуваат во секојдневна и елегантна варијанта. Кога треба да изберам, се водам по тоа колку е елегантна, јас го преферирам тој стил, да е нешто што ќе се прилагоди со повеќе парчиња облека, поради брзото темпо на живот, кога и немаме премногу време да менуваме многу комбинации во текот на денот. Ми се допаѓа овој начин на функционирање на брендот, што е ставен акцент на нас жените после 40, што се остваруваат нови познанства, нудат нешто што јас не сум го сретнала. Брендот е одамна познат и признат, негува дамски стил и за дами е прифатлив и секоја дама може да се пронајде во некоја креација, смета Дијана Јанкуловска.

-Благодарам до Екипата на Елена Лука, што повторно направи средба и што се запознаваме со нова линија на пазарот, за која ние жените се многу љубопитни. Јас ја одбрав мојата нова омилена чанта од Елена Лука, која со задоволство ќе ја носам. Најверојатно ќе дојдам повторно да изберам нов модел, во некоја нова боја. Чантите се прекрасни и во однос на боја, дизајн и квалитет и практичност. Ние жените се секогаш сме заинтересирани за обемни чанти, но оваа ќе практична, особено во летниот период. Навистина ќе им препорачам и на моите пријателки и колешки да дојдат тука и да ги видат новите модели – вели Соња Стаменковска.

Соња Стаменковска

На крајот од средбата, која беше динамична, со многу смеа и забава, како и осмилусвање комбинации со кои новите чанти би се носеле, а токму ваквите средби поттикнуваат и нови идеи, па дел од гостинските споделија со нас некои од нив:

- Убави се иницијативите за вакви дружења, особено кога ќе се соберат жени од различни профили Ние сите сме жени, но различно размислуваме и дејствуваме во различни ситуации. Некои сме млади мајки, некои баби, некои деловни жени итн и убаво е кога сите ние различни ќе се собереме на едно место и ќе се случи бура на идеи и предизвици. Токму и кога влегував во салонот, убавите фустанчиња за деца ме асоцираа дека можеби би било убаво во иднина да се организираат средби со мајки и ќерки, кои ќе опфатат повторно различни генерации, па може младите нас да нè советуваат за модата и/или ние нив и ќе биде интересно – смета Розалија.

На тоа се надворзува Соња која вели:

-Ние жените после 40-тата навистина ја следиме модата и актуелностите, па можеби во иднина би било интересно да се организира некое предавање на тема како да се шминкаме, за фризурите, како да ги усогласуваме боите, или предавање со манекенки кои некогаш биле познати и надвор од Македонија.

Ана Адраманова

За крај Ана Адраманова упати голема благодарност до Елена Пандева и тимот за ваквите уникатни можности за запознавање со брендот и следење на трендовите:

- Голема благодарност до модната куќа Елена Лука и тимот, денешната средба, како и сите досега е одлична. Овој пат бевме поканети да видиме дел од новата линија на брендот, прекрасни чанти. Јас веќе имам и свој фаворит. Елена Лука во секое поле на дизајнот остварува нови позиции и посакувам во иднина да има вакви остварувања. Секоја средба е добредојдена за нас, има прекрасно дружење, разменување идеи, па во тој контекст би дала идеја да ја прошири линијата модни додатоци и да создаде нови линии, бидејќи знаеме дека тоа го може и го покажува - потенцира Ана.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата, комбинациите на дамите, а повеќе за чантите можете да дознаете ТУКА, како и да ги посетите салоните на Елена Лука.

 

Објавено:
13 јули 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.159 пати