Среќен 55-ти роденден Кејт Бланшет
•
13 мај 2024
На денешен ден е родена една од најдобрите актерки на денешницата - Кејт Бланшет.
Покрај големиот број на награди за нејзиниот безвременски талент, таа важи и за една од најстилски облечените жени во Холивуд.
Австралијанката која денес полни 55 години има добиено два Оскари, четири БАФТА награди и исто толку Златни Глобуси...
Кејт е муза на многу модни дизајнери токму поради нејзината самодоверба, со која секогаш зрачи каде и да се појави.
Без разлика дали ја гледаме во елегантна тоалета или монохроматски костум таа секогаш изгледа феноменално.
Денес во чест на роденденот издвојуваме неколку нејзини најдобри изданија.
Среќна 55-ка Кејт Бланшет!
Фото: Pinterest