Палацо панталони - сојузник на летото
•
29 јули 2023
Она што ни треба во лето е удобна и лесна облека во која ќе можеме слободно да се движиме.
Тука на сцена стапуваат таканаречените палацо панталони кои се одлична спојка на лежерност и елеганција. Ја издолжуваат фигурата и носат доза на префинетост.
Без разлика дали негувате минималистички стил или ве привлекуваат боите и дезените, палацо панталоните ќе најдат место во вашиот стајлинг.
Елегантниот крој по којшто се препознатливи ги прави совршени за посебни прилики, но ако ги комбинирате со кроп или обична маичка на кратки добивате секојдневен аутфит.
Токму затоа се одличен сојузник со топлото лето.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instagram, Pinterest