Се подготвуваме за сезоната на мантили – избравме неколку шик модели

31 јануари 2019

Во периодот меѓу сезоните, кога температурите често варираат, имаме неколку омилени парчиња што се во функција на променливото време.

Меѓу нив, незаменливи се стилските мантили.

Секоја година модните етикети продуцираат различни, модифицирани верзии во согласност со модните тенденции, но базичните и класични модели остануваат безвременски и атрактивни независно од моменталните трендови.

Како ги разгледуваме пролетните линии на модните брендови, така може да резимираме дека годинава акцентот ќе биде ставен на мантилите кај кои е изразена играта со кроевите, асиметричниот дизајн, но и миксот на принтови и бои.

Покрај класичните беж тонови, сезонава ќе се експериментира со дезените, па богатиот колорит ќе биде видлив и многу веројтно, обожуван особено во уличната мода.

Издвоивме неколку впечатливи модели што ни најавуваат интересна сезона на мантили.

Објавено:
31 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
895 пати