20 креативни маички за под вашето омилено палто

20 ноември 2013

Во оние моменти кога не знаете што да облечете, маичката со интересен натпис и фармерките се секогаш непогрешлив избор.

Комбинациите што можете да ги правите со овие маички се бесконечни. Носете ги со панталони, здолниште, комбинезон или што и да посакате.

Што се однесува до натписот, изборот е ваш, но запомнете дека секогаш и сами можете да си го испринтате она што сакате.

Без разлика дали ќе искажете љубов кон момчето, ќе го сакате вашиот град или кујната на вашата мајка, овие маички се дефинитивно најлесниот избор за под палтото или џемперчето како дел од вашите дневни комбинации. Уживајте!

Објавено:
20 ноември 2013
Категорија: 
Тренд