Удобноста не ја исклучува естетиката во летниот изглед.
Напротив, со мала умешност и вистинскиот избор на парчиња, пријатното чувство во сопствената кожа и впечатливиот изглед, може да бидат во една комплементарна целина.
Едно од модните парчиња во лето, со кое тоа може да се постигне се бермудите со висок струк.
Елегантни, со крој што ѝ ласка на женственоста, го истакнува струкот и флексибилни при комбинирње со други парчиња.
Во комбинација со безвременската бела кошула или кошулата во риги, го доловуваат врвот на летната елеганција.
За на плажа или пак за вечерни излегувања, ефективен изглед може да постигнете во комбинација со краток топ и впечатлив накит.
Ако размислувате како да ги комбинирате бермудите од вашиот плакар и д им дадете нова димензија, ве инспирираме со 20 трендовски комбинации.
Фото: Пинтерест