8 супер комбинации ако сте во 20-тите

18 септември 2015

Ако сте во 20-тите години од животот, немате никакви пречки да си играте со модните комбинации. Ова е период кога можете да експериментирате и да го пронајдете вашиот стил.

Токму затоа ние ви предлагаме осум комбинации кои едноставно морате да ги пробате во оваа декада од животот. 

Краток топ

Оваа комбинација сигурно веќе и сте ја носеле со оглед на популарноста на ова парче облека. Сепак, ако сте од оние посрамежливите, пробајте го сега, бидејќи 20-тите се вистинското време за да носите кратки парчиња. Претпоставуваме дека во оваа декада вашето тело е во најдобра форма. А и можете да го комбинирате со што сакате. 

Џинс во канцеларија

Тоа не значи дека нема да изгледате несоодветно. Исто така, внимавајте на кројот на фармерките што ќе ги одберете, сепак треба да се појавите на работното место. Во комбинација со деловна кошула, соодветни обувки и јакна или палто, вие ќе бидете рамноправни со повозрасните вработени, а и ќе имате и малку повеќе стил.

Џинс комбинезон

Ова парче облека сите нè потсетува на младост. После одреден период, носењето на тексасен комбинезон може да изгледа како да се трудите премногу (и залудно) да изгледате помлади. Но, во 20-тите тие се одличен избор, а згора на сè тренди и практични.

Максимално искинат џинс

Кога сме веќе кај џинсто, ова е исто така еден од актуелните трендови, а уште ако сте во 20-тите, искористете го максимално. Со добра блуза или блејзер и да речеме, сандали, оксфордки или едноставно патики, ќе бидете тотално во тренд.

Кратки шорцеви

Сведоци сме, особено во летниот период дека кратките шорцеви се најпосакуваното парче облека, но не секогаш идеално за одредена градба, форма и возраст. Токму затоа потенцираме дека 20-тите се одлични години кога можете да си го дозволите ова парче облека. Проблемот со целулитот го нема или е во почетна фаза, па шорцевите се еден вид потсетување дека нема секогаш да имате 25, затоа искористете го моментот. 

Фустан-ноќница

Посебно актуелен во 1990-тите. Во ваков фустан ќе се чувствувате многу повеќе секси, отколку во било кој друг дневен, но младоста и годините ви дозволуваат да го носите без приговор. Во подоцнежните години може да се појават проблеми со несовршеностите на телото, кои лесно ќе се покажат на вакво парче облека, а и можете да изгледате и повеќе евтино отколку секси.

Патики

И тоа во секоја комбинација. Патиките веќе одамна не се носат само со тренерки, а 20-тите се совршено време кога треба да го испробате тоа.

Високи чизми - кратко здолниште

 Оваа често проблематична комбинација, во 20-тите ќе изгледа совршено на вас. Ќе се чувствувате секси и моќно, додека во подоцнежните години тоа може да се претвори во несоодветен изглед. Затоа, искористете ја младоста и носете сè што телото и години ви дозволуваат. И секако, што ви прилега на градбата и личниот вкус.

 

Објавено:
18 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.901 пати
Извор: 
Popsugar