Облечете се во склад со годините

1 јули 2013

Едно од најважните модни правила е да се облекувате во склад со годините. За таа цел, ви презентираме комбинации кои се соодветни во 20-тите, 30-тите па сѐ до 70-тите години од животот.

Во 20-тите

Принт, разиграни комбинации, се нешто што секоја млада девојка во 20-тите мора да го има на себе. Независно дали се работи за фустан, здолниште или било која друго парче облека, бидете смели, затоа што годините ви го дозволуваат тоа.

Во 30-тите

мода 30-ти

И во триесетите можете да си играте со дезените и боите. Но, внесете доза на елеганција. Внимавајте парчињата облека да ја пратат линијата на вашето тело, на тој начин што ќе го истакнат најдобрите ваши особини. Доколку се одлучите за класична варијанта, тогаш деталите нека бидат тие што ќе внесат доза на смелот и елеганција во изгледот. Не заборавајте, вие се уште сте млади, но мора да делувате софистицирано и професионално.

Во 40-тите

Мода 40-ти

Должина на фустан или здолниште до колена, комбинации што вклучуваат ракави, се препорачливи за ова животно доба. Со дезените не морате да престанете да си играте, но нека биде тоа сведено и да соодветствува на една дама.

Во 50-тите

мода 50-ти

Црно-белите комбинации се секогаш актуелни, тие се класика, така што не можете да згрешите со нив. Изгледот можете да го освежите со интересни аксесоари.

Во 60-тите

Мода 60-ти

Иако можеби некому овие комбинации му делуваат како смели за 60-годишна жена, сепак можете да се обидете. Ако имате над 60 не значи дека не треба да  ја следите модата. Фустани и здолништа под колена, класични панталони и кошули, со интересни додатоци, принтови, сето тоа можете да го имате во плакарот. Не се исклучени ниту високите потпетици доколку се уште чувствувате дека можете да ги носите. Накитот е секгогаш добредојден.

Во 70-тите

мода 70-ти

Ова се годините кога треба да покажете дека сте вистинска, достоинствена дама. Не само што вашето однесување ќе придонесе да ја пренесете пораката, туку и облеката може многу да ви помогне во тоа. Класични панталони, фустани, дискретен накит, сето тоа ќе ви овозможи и да се чуствувате и да изгледате убаво.

Објавено:
1 јули 2013
Категорија: 
Тренд