Авијатичарките ги нападнаа модните улици
•
10 декември 2014
Актуелен тренд годинава се токму моделите на авијатичарски јакни, изработени од овча и јагнешка кожа. Голем број модни брендови ги вметнаа во своите есенски колекции како задолжително ИТ парче, а меѓу нив се Барбери и Филип Лим.
Не постои ограничување во комбинацијата на ова клучно парче кое е совршено за претстојната зимска сезона. По улиците на модните метрополи може да се забележат различни, а сепак ефектни стајлинзи, комплетирани со авијатичарската јакна која придонесува за ефективен изглед. Овој модел на јакна лесно се комбинира како со фармерки и кожени панталони, така и со здолништа во различни должини и фустани. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се.
Преземено од Grazia.rs