Автопатот го доби својот крал- електричниот мотор Харли Дејвидсон

21 јуни 2014

Најновиот модел на мотор од реномираната марка Харли Дејвидсон  е чекор понапред од сите други, пред се поради тоа што работи на струја. Инженерот на компанијата Џеф Рихлен за моторцикалот вели дека е целосно придвижуван од електрична енергија. Веќе од 23-ти  јуни прототипот од ваквиот модел ќе биде презентиран во Њујорк, а најголем интерес се очекува од помладата популација.

- Мотоциклот е и прилично импресивен. „Тоа е фантастичен, брутален мотоцикл, кој во исто време е и електричен“, изјавува инженерот Рихлен.

Ова не е првиот модел кој Харли го има произведено да работи на струја, а токму по првичниот модел е направен редизајн на новиот, со тоа што „Кралот на автопатот“ го задржува препознатливиот звук на машината. Веќе е јасно кои ќе бидат купувачите на овој Харли, а сугурно е дека тој ќе биде и добар за природата.

Официјалниот старт на продажбата ќе биде означен од 2015 година.

 

Објавено:
21 јуни 2014
Категорија: 
Тренд