Барбери мантилот култно парче во модната историја

4 април 2014

Откако сонцето ги протегна своите топли зраци се чини градските улици не само во Скопје, туку генерално низ градовите на Европскиот континент беа буквално неодоливи и мошне примамливи за луѓето. Сите излегоа да се прошетаат, да уживаат во убавото време и свежиот пролетен воздух. Имавме можност да видиме низа интересни стајлинзи, многу бои и инвентивни комбинации. Ова е период што е препознатлив по масовното носење на Барбери мантилот, што стана заштитен знак на истоимената модна куќа.

Марлен Дитрих 1948 година. Марлен Дитрих 1948 година.

Деновиве, ова модно парче слави повеќе од еден век постоење на модната сцена, па по тој повод  решивме да ви  ја откриеме вистинската приказна за неговото создавање.

Ема Вотсон 2010 година Ема Вотсон 2010 година

Томас Барбери во 1879 година, открил посебен вид ткаенина која била отпорна на дожд. Плод на неговата работа беше креирањето на специјално дизајниран капут за офицер во 1901. Моделот што Барбери го создал бил изработен од габардин, специјална ткаенина од која се изработувале костумите, мантилите и палтата во тој период. Она што го прави овој мантил толку впечатлив не е само изгледот на дизајнот кој што е крајно едноставен и универзален, туку и повеќенаменската примена, бидејќи него можете да го комбинирате буквално со сè, како во секојдневните изгледи, така и за вечерните прилики. Популарноста на ова парче е вистински феномен што години наназад ужива енормна слава и претставува омилен моден додаток кој го обожува не само женскиот свет туку и машкиот. Мантилот за дожд беше дизајниран со друга цел во едно трагично време, но сепак опстана низ годините и прерасна во моден статус симбол кој што ќе продолжи да егзистира на модната сцена како безвременско парче облека.

Хајди Клум 2012 година Хајди Клум 2012 година

Во продолжение низ фотографии погледнете кои ѕвезди го обожаваа мантилот на Барбери и видете ги неговите еволутивни трансформации на дизајнот.

Објавено:
4 април 2014
Категорија: 
Тренд