Бермудите се задолжително парче за оваа сезона

15 јуни 2013

Бермудите се модно парче кое одлично се комбинира за дневна кежуал, но и за вечерна поелегантна варијанта. За дневен изглед можете да ги комбинирате со балетанки, а доколку сакате пософистициран изглед, рамните чевли заменете ги со висока потпетица, додадете ефектен аксесоар и ќе бидете спремни за посвечени моменти. Доколку сте витки и високи, бермудите можете да ги искомбинирате и со длабоки чизми. Без разлика дали се направени од тексас, памучни со принт, шарени или со некоја впечатлива боја, важно е да се малку подолги од обичниот шорц, со должина не подолга од над колената.

Доколку сакате шик и едноставен изглед кој лесно можете да го комбинирате со разни сакоа, блејзери или јакни, тогаш бермудите се вистински избор за вас.

Објавено:
15 јуни 2013
Категорија: 
Тренд