Дамите обожуваат пелерини. Затоа што се елегантни, истовремено мултифункционални, а прилегаат на сечија телесна конституција. Така пелерината го заслужи статусот на безвременско модно парче, омилено во плакарот на жените со доаѓањето на есенската сезона.
Кога сме на оваа тема, упатуваме комплименти до нашата поп кралица Биба Додева, која оваа есен својот имиџ го облагороди токму со избор на ексклузивен модел на пелерина од ЕЛЕНА ЛУКА. За време на нејзиниот перстој во Загреб деновиве, таа успеа да го привлече вниманието и воздишките на хрватските дами, импресионирани и љубопитни за дизајнот потпишан од етаблираниот македонски моден бренд.
„Парчето е толку уникатно, неговата екстравагантност е едноставна, така што само обична црна ролка и црно „пенсил" здолниште беа доволни да го надополнам изгледот и да се чувствувам убаво. Да не зборувам за квалитетот на мекоста на чојата која е пријатна и топла за носење. Елена секогаш знаеле да го погоди мојот сензибилитет, не само кога се работи за сценски настап, туку и за мојот секојдневен живот. Загреб е град во кој жените навистина внимаваат на својот изглед, до сега не сум видела пренагласени усни, лице, туку напротив, тие иако користат филери и ботокс како впрочем и секаде, сепак приоритет им е природниот изглед. Моите пријателки со кои бев на ручек веднаш го приметија пончото и коментираа дека би требало еден таков бренд како ЕЛЕНА ЛУКА да биде присутен и тука", изјави Биба и не поздрави од Загреб.
Биба ни прикажа како овој модел на црно-бела пелерина, во чиј дизајн ефективно се надополнуваат атрактивното букле и пријатната и топла чоја, може да ја комбинирате во вашиот индивидуален стил и да му дадете нота на несекојдневен шик изглед. И неслучајно, како што ни пренесе Биба, комплиментите се неизбежни секогаш кога ќе го облече.
Дополнителна предност е што може да ја комбинирате во различни варијации, односно секој аутфит може елегантно да го заокружите токму со оваа пелерина. За на работа, на коктел прием или пак како дел од вашиот вечерен стајлинг...
Облечете ја врз кошула, фустан, врз кожено палто или пак во комбинација со едноставен аутфит комплетно во црно, како во примерот на Биба – фантастичниот впечаток секако нема да изостане.
Издвоивме уште неколку впечатливи модели на пелерини од атрактивната есенска колекција на ЕЛЕНА ЛУКА кои може да ги погледнете и на нивната онлајн продавница или во ателјеата во Скопје и Струмица.