Бидете маркантни и изберете впечатлив долг фустан за новогодишната прослава

28 декември 2013

Долгите фустани без сомнение се вистинското решение доколку планирате да заминете на забава каде се бара поавтентичен изглед.  Ние ви предлагаме да изберете макси фустан, едноставен или со шљокици, скапоцени камења, со длабок шлиц или пак отвор на грбот и длабоко деколте. Оваа сезона тренди се тантелата, тулот или материјалите од ликра.

Доколку носите поедноставен модел тогаш дополнете го изгледот со впечатлив накит, а доколку фустанот е поефектен изгледот дополнете го само со минимален накит, клач чанта и секако чевли на високи потпетици. Иако црвената нијанса е секогаш ин во овој период од годината, сепак најчесто дамите бираат црна нијанса со која многу полесно се експериментира.

Објавено:
28 декември 2013
Категорија: 
Тренд