Црвена + беж – тренди есенски спој

13 октомври 2015

Земјените тонови секогаш се сигурен избор доколку преферирате класичен и женствен изглед. Но, доколку оваа есен сакате да направите посмели комбинации тогаш изберете варијанта во која некоја од неутралните земјени нијанси ќе ја комбинирате со интензивна и впечатлива боја.

Една таква сигурна комбинација која е тренд сезонава е спојот на беж со јака црвена боја. Никогаш нема да погрешите доколку одберете мантил или капут во беж боја и под него облечете црвена ролка. Или врз црвен фустан облечете елек во беж боја и го финиширате со шал или минимален накит.

Оваа комбинација на бои често ја користат голем дел од дизајнерите меѓу кои оддамна ја имплементираше и големиот Ив Сен Лоран во неговата линија Rive Gauche.

Во продолжение ќе ви посочиме неколку комбинации што го следат овој пример.

 

Објавено:
13 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.881 пати