Сите нијанси на беж за оваа пролет

5 март 2018

Суптилните беж нијанси доминираа и на црвениот килим на 90-те, јубилејни Оскари, што е уште еден показател што го потврдува трендот за претстојната пролет: ќе ги носиме сите нијанси на беж во сите пролетни комбинации.

Овие земјени, неутрални тонови благодарение на својата ненаметливост, лесно ќе се адаптираат во сечиј стил независно од индивидуалниот имиџ.

Тенденција оваа пролет ќе бидат и комбинациите од повеќе нијанси на истата боја или пак беж споена со интензивни и храбри бои како: виолетова, жолта, црвена, сина...

Земјените тонови ќе бидат актуелни и кога се во прашање модните додатоци, така што нема да погрешите ако се подновите со пар сандали, чанта или марама во некоја неутрална нијанса.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
5 март 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.594 пати
Тагови: 
тренд пролет беж