Блогери за секоја возрасна група!

8 февруари 2016

Ако мислевте дека само младите се занимаваат со моден блог, веднаш ќе ви кажеме дека не сте во право.

Постојат активни блогери и во 40-тите, 50-тите, па дури и 60-тите, што ќе ве инспирираат кога се модните комбинации во прашање.

Тоа е уште еден доказ дека без разлика на тоа колку години имате, можете да бидете модерни и активни на сите полиња што ви будат интерес.

Во продолжение ви ги презентираме блогерите што веруваме ќе го задржат вниманието и на оние во 20-тите и оние во 60-тите.

Ако сте во 20-тите

Look de Pernille

Пернил Тајсбаек (Pernille Teisbaek) е името на данската блогерка, која и покрај тоа што ги следи актуелните трендови и е во нејзините 20-ти, презентира стил што е безвременски.

The Haute Pursuit

Блогерката Ванеса Хонг од Ванкувер има и своја модна линија, насловена како THP Shop, за сите љубители на уличната мода. Името на блогот што таа го води е The Haute Pursuit.

Always Judging

Уште еден предлог ако сте во 20-тите. Кортни Троп е блогерка од Лос Анџелес, зад која стои блогот Always Judging, која често можеме да ја видиме и во првите редови на актуелните модни недели.

 

Ако сте во 30-тите

Stuff she likes

Блогерката Тај Хансбери е успешна во комбинирањето на винтиџ парчиња со тренди или оние од висока мода. Во 2014 се најде на листата на Vanity Fair на најдобро облечени.

Penny Pincher Fashion

Кимберли Смит е блогерката зад овој блог, која своите комбинации ги прави со пристапни парчиња и затоа е една од омилените меѓу помладата популација.

 

Ако сте во 40-тите

 Glam Up Your Lifestyle

Иако блогот е на германски, комбинациите се доволни за да ја разберете поентата на оваа блогерка во 40-тите. Нејзината цел е да покаже дека со малку труд може да се изгледа добро и модерно и дека жените секогаш треба да изгледаат добро.

 Not dressed as Lamb

Кетрин Самерс е Британката што го води овој блог и тоа со голем успех. Таа го основаше кога имаше 39 години, како стилски предизвик за тоа кога ќе влезе во 40-ката. Блогот постои веќе неколку години, а Кетрин во меѓувреме доби бројни награди, па дури беше повеќе пати застапена и во Њујорк Тајмс во рубриката за стил.

 

 Ако сте во 50-тите

 The Middle Page

Блогерката Кети Вилијамсон го има овој блог веќе неколку години. Таа е во шестата деценија од животот, а во 2013 година ја доби битката со ракот на дојката. Преку блогот го споделуваше ова животно искуство, а сега да го претстави својот шик стил. Инспиративно од сите аспекти.

That's not my age

За Алисон Волш велат дека е Алекса Чанг на нејзината генерација. Блогот го започнува со една цел: „Секогаш силно верував дека стилот не зависи од младоста, па сакав да ги споделам моите идеи, како и да ги славам жените и мажите на моја возраст што делуваат инспиративно врз нас“.

 Ако сте во 60-тите

Not Dead Yet

Името на блогот на Пети Гибсон кажува сè! Таа можеби е во седмата деценија од животот, но не чувствува така, а тоа го покажува и преку модните комбинации.

Lady of Style

Уште еден германски блог кој има за цел да ги инспирира повозрасните дами. Најчесто се застапени секојдневни и деловни комбинации.

Accidental Icon

Пред да го започне блогот, Лун Слатер имала успешна кариера на универзитетски професор. Блогот започнува како хоби, кое ѝ отвора сосема нови хоризонти и можности.

Објавено:
8 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.772 пати