Блузоните Champion повторно на врвот!

20 јануари 2017

Веројатно забележавте дека во последно време познатите спортски брендови кои некогаш ги обожававме повторно се враќаат на сцената.

Еден од нив е Champion кој беше меѓу најдобрите кога станува збор за блузони и тренерки кои се чини денеска повторно се едни од најобожуваните парчиња.

Брендот беше познат по кул маичките на куси ракави кои беа must have во 90 – тите, по дебелите памучни блузони што сите обожаваа да ги носат, но и по целосните тренерки без кои тинејџерите не излегуваа од дома.

Во последните години овој бренд и сличните на него како да го изгубија сјајот благодарение на модерните производи што на пазарот ги понудија Најк и Адидас.

Минатата година, ултра популарната модна куќа Vetements го позајми логото од Champion за потребите на една нивна ревија и го постави на нивните кул парчиња.

Веднаш потоа следеше капсулна колекција на двата бренда, со што Champion преку ноќ повторно стана бренд што го обожаваат сите.

Денеска, на страната на Urban Outfitters, може да се најдат старо – новите модели на омилените Champion блузони, како и нивните кул маички со лого, класичните блузички со долги ракави, модните додатоци и што уште не.

Веројатно и вие како и ние се потсетивте на едно прекрасно минато време кога единствените парчиња што сакавме да ги носиме беа тренерките и блузоните Champion.

Објавено:
20 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
912 пати
Извор: 
journal