Веројатно веднаш се сетивте на овој шик материјал што го обожававме некаде во 90 – тите и кога речиси целата гардероба ни беше исполнета со парчиња од сомот.
Ако се прашувавте кога повторно ќе може да го носиме, оваа есен парчињата од сомот се враќаат на голема врата.
Девојките сезонава ги обожаваат костимите од сомот, па така низ улиците можеме да видиме парчиња во разни бои, а најомилени се оние во кафена, сина, портокалова и крем како совршени за есенските денови.
Подеднакво барани се панталоните ѕвонарки со висок струк направени од сомот кои девојките ги комбинираат со лежерни кошулки, рок маички на куси ракави или едноставни блузички.
Ако не ви се допаѓаат овие панталони, тука се секогаш омилените палта со копчиња кои ќе бидат ваши најдобри пријатели претстојната сезона.
Одлични се за комбинирање, а воопшто не размислувајте и комбинирајте ги со парчиња од било кој друг материјал.
Стилските дами веќе нè инспирираат со разни комбинации, а ако во плакарот од детството сè уште имате некои од овие парчиња кои сметате дека и денеска ќе ви одговараат, задолжително побарајте ги.
Извор и фото: Modamo.info