Донатела и нејзиниот тим во рамки на модната недела во Париз прикажаа фантастична колекција која зрачеше со женственост и сексапил. Меѓу одличните парчиња, Версаче прикажа и неколку модели со ѕвонарки со што нивното враќање сега е и повеќе од дефинитивно.
По тој повод, ние денеска одбравме неколку комбинации со џинс ѕвонарки за кои веруваме дека допрва ќе се вивнат на врвот.
Доколку ги отстранивте сите вакви панталони и фармерки од вашиот плакар, сега е вистинско време да се подновите барем со еден чифт, додека не се случи да ги снема од полиците на продавниците.
Ние дефинитивно се израдувавме за нивното враќање, бидејќи покрај тоа што ги сметаме за многу стилски парчиња, тие на неодолив начин ги издолжуваат нозете и на сите комбинации и даваат одредена доза на елеганција.
Неколкуте денови што останаа од февруари искористете ги да го пронајдете вашиот совршен чифт ѕвонарки што ќе го комбинирате како со лежерни блузички, така и со елегантни свилени и шармантни кошулки.
Доколку пак не сте обожавателка на фармерките, тогаш моделот панталони – ѕвонарки на Версаче е вистинскиот избор за вас. Во нивната колекција ќе најдете и комбинезон што продолжува во ѕвонарки и изгледа неверојатно стилски.
Во продолжение, ние ви предлагаме неколку комбинации со ѕвонарки како вистинска инспирација за претстојниот февруари, но и за месеците што следуваат!