Црно-бела зимска мода

12 јануари 2015

Црно – белата комбинација е совршен избор доколку не сте сигурни што да облечете. Авангардниот изглед никогаш не губи од својата важност, особено доколку преку него, сакате да го истакнете вашето стилско чувство.

Направете спој на класичните парчиња од вашиот плакар во една сосема нова модерна конотација, која во преден план ќе ја истакне вашата индивидуалност и тоа преку комбинацијата на актуелните панталони до колена, кошули, сакоа, асиметрични здолништа и волуменозни капути. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за денешниот изглед.

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Тренд