Далечниот Исток како инспирација

8 мај 2013

Модните диктатори овој пак го искористија Далечниот Исток и ориентот како инспирација за создавање на нивните нови колекции: тешка свила испреплетена со златни и сребрени нитни, кимоно јакни, широки појаси и традиционални фустани.

И уличната мода е богата со везови со ориентални мотиви, но доколку не поседувате вакви парчиња, доволно е да ставите марама или ремен со таков предзнак. Според  тврдењето на модната уредничка на Вог - Calgary Avansino, станува збор за источен футуризам кој ветува урбана димензија со намалување на свечениот призвук.

 

Објавено:
8 мај 2013
Категорија: 
Тренд