Деловни парчиња во пролетен фазон

8 април 2016

Комбинации на бои и дезени, колоритни пруги, здолништа и панталони со висок струк, романтични макси фустани – оваа сезона го обожаваме деловниот стил.

Оддамна не важи ригидното правило црно, бело, сиво, класично – кое сега е заменето со голем избор на деловни парчиња, а со тоа и деловниот имиџ добива широк дијапазон на естетски можности.
Наш фаворит се популарните кошула-фустани кои одлично се надополнуваат со мокасинки и чанта со кратки рачки со впечатлив принт.

Панталоните со висок струк, како и килотите во комбинација со елек – како и минатата, така и оваа сезона имаат посебно место во деловниот плакар, a боемскиот дух на 70-те што сезонава е еден од носечките трендови, своја стилизирана верзија има токму и во деловниот изглед.

Објавено:
8 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.759 пати