Ако судиме по тоа што доминираше на пистите во текот на претставувањето на пролетните колекции, кое се случува најчесто сезона претходно, долгите бермуди ќе бидат апсолутен хит летово.
Веќе е познато дека hight-street брендовите ги „симнуваат“ трендовите од писта на „улица“, па така ќе ги гледаме и на излозите од уличните брендови.
Модните блогерки веќе помагаат за уште поголема популаризација на ова парче кое го паметиме од 80-тите. Оваа денешна верзија е со должина до средина на колена или малку пократка, така што заборавете на ултра кратките шорцеви.
Посебно популарни се оделата во комбинација со долгите бермуди. Можеби ви изгледа чудно или необично да носите нешто такво, но „Макс Мара“, „Том Форд“ и многу други брендови велат дека тоа е новата верзија на оделата кои беа убедливо едни од најдоминантните трендови веќе неколку сезони наназад.
Сепак, бермудите ќе се носат и во не така официјални модни изданија. Во комбинација со маици, туники, краток топ, создадени од различни ткаенини и усогласени со различен тип на обувки, можат да бидат вашиот избор за бројни пригоди летово.
А за тоа како тоа би изгледало, инспирирајте се од фотографиите во продолжение:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram