Ако мислевте дека црно – белиот кариран дезен е здодевен, оставете на Џенифер Лопез да ве разубеди во тоа.
За снимањето на емисијата на Џими Кимел, таа се појави во неверојатно стилска комбинација од твид до под колената кој стана вистински хит на социјалните мрежи за кратко време. Истата ја потпишува познатата колумбијска дизајнерка Silvia.
Иако се чини помина сезоната на твид поради горештините, сепак, невозможно е да се одолее на комбинациите што ги прави згодната и ултра популарна пејачка.
Она со што освојува горниот дел од комбинацијата е прекрасното деколте, додека здолништето со карнерот од страна и длабокиот шлиц сместен на средината на здолништето.
Поп дивата комбинацијата ја надополни со високи црни потпетици, црна чанта од Ермес, дијамантски прстени и модерни очила за сонце.
Нешто подоцна, за снимањето на емисијата таа одбра малку поинаков стајлинг составен од тесни хеланки и куса блузичка со пари како мотиви со цел да го промовира нејзиниот нов сингл „Dinero“.
Во која комбинација ви се допаѓа повеќе?