Есен во канцеларија: 20 елегантни деловни комбинации со сако

21 септември 2022

Есента е погодна сезона за деловни комбинации, затоа што преку слоевитото комбинирање се овозможуваат лепеза на опции како истите парчиња облека за на работа, да ги комбинирате во неколку различни варијанти.

Веројатно едно од оние парчиња кои важат за базични во сечиј деловен стил е сакото, па секогаш е корисно да имате на ум како ова парче да го споите во вашиот деловен изглед неколку пати во текот на работната недела.

Неговиот универзален карактер овозможува флексибилност при стилизирањето, па особено кога слоевитите аутфити се во прашање, може да размислувате за комбинирање на слични или контрастни нијанси, различен тип на материјали и ткаенини или стилски различни парчиња кои добро функционираат заедно.

Mоже да облечете пелерина врз сакото или тексас кошула под него. Може да го нагласите со ремен околу струкот или да му дадете акцент со стилски брош. Сако одлично прилега со панталони со висок струк или класични панталони, но исто толку добро може да го усогласите и со миди здолниште или макси фустан.

Селектиравме 20 интересни деловни комбинации со сако, како предлог идеи за оваа есен што ќе донесат доза модни вибрации во вашиот бизнис свет.

 

Објавено:
21 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
7.318 пати