Во големите светски модни метрополи веќе се презентирани трендовите за претстојната сезона есен-зима 2014.
Еве што е во главниот фокус, кога е модата во прашање.
1.Бунтовнички изглед - патенти, кожа, синџири, метални детали, нитни, сето тоа е дел од бунтовничкиот изглед кој го препорачуваат дизјанерите меѓу кои и Донатела Версаче и Сен Лоран, кои всушност и први го презентираа како актуелен тренд.
2.Здолништа под колена - Всушност и не е онаа класична должина под колена, туку малку подолга од тоа. Здолништата најчесто треба да се широки. Но, она на што треба да внимвате кога ги носите е изборот на обувки. Гледајте тоа да бидат чевли до листовите или пак пониски.
3. Црковен стил - Долги фустани токму онакви какви што имаат црковните лица, или детали што потсетуваат на црква, се во главниот фокус оваа есен. Но, колку и да ни е чудно, од Валентино па се до Александар Меквин, овој тренд е еден од водечките. Дизајнерите порачуваат: Запознајте го новиот век.
4.Морнарица - но не по дезенот, туку по боите. Во склад со веќе омилените есенско-зимски бои - црната, бојата на вино и темно виолетовата, морнарската тегет е вистински погодок.
5.Машки изглед - Машко-женската модна приказна во претстојната сезона ќе биде раскажана преку широките паналони и еден број поголеми сакоа и јакни со дворедно закопчување.
6.Дамски стил - Остри линии, комплетчиња, дамски здолништа - сето ова ќе ги исполни есенските колекции. Оваа носталгична нота на модата од минатото ќе ја освежат модерните детали и еротската нишка која дизајнерите успешно ја провлекоа во моделите.
7. Широки капути - Според моделите, се чини дека мотото за капутите за оваа зима е колку пошироки-толку подобро и помодерно.
8. Војнички стил - тука пред се се мисли на ставот. Овој тренд дизајнерите го посветуваат на жените што чекорат цврсто на земја. А тој став кога ќе се надополни со соодветна облека која подразбира нагласени раменици, ремени, моќни потпетици, се чини дека за таквите жени нема препреки оваа есен.
9. Етно мотиви - Направете микс од култури и одберете парчиња облека што се весели, шарени и како што ги нарекуваат критичарите - мултиетнички. Не е важно кое парче ќе го одберете за ваков дезен, важно е да бидете посебни.
10. Мрачна уметност - Темноцрвените нијанси за мистериозен и луксузен изглед. Висок врат, наметки, силни текстури само ќе ја надополнат магичната приказна што треба да се раскаже.