Феминистичката маичка на Диор...

30 јануари 2017

Марија Грација Кјури деновиве е една од омилените жени во светот, благодарение на нејзината фантастична колекција за Диор, но и како резултат на едноставната бела маичка со натпис We should all be feminists.

Токму таа бела маичка беше дел од нејзината нова колекција која крена голема прашина и која во истиот момент беше нарачана од сите познати холивудски дами.

Белата маичка таа ја комбинираше со лежерно долго здолниште во темно сина боја со прекрасни украси кое исто така беше едно од највпечатливите во колекцијата.

Дизајнерката е првата жена на чело на луксузната модна куќа, а свесна за фактот, ги искористи своите минути за да го направи она што секоја жена ќе посака да го купи.

Прекрасната актерка Натали Портман која е бремена со второто дете, беше таа која прва ја облече оваа маичка на женскиот марш во Лос Анџелес.

Нешто подоцна, музичката дива Ријана објави фотографија на Инстаграм на која ја носи маичката, а исто беше и со блогерката Кјара Ферањи и актерката Џенифер Лоренс која се појави на насловната на магазинот Харперс Базар со ова парче.

Оваа маичка е дефинитивно една од најпосакуваните сезонава, а се очекува да биде и огромен хит во првите пролетни денови, a доколку не споменавме, истата чини 650 евра. 

Објавено:
30 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
524 пати