Фустан што ѝ ласка на секоја фигура: Популарните модели на преклоп

12 август 2022

Инвенцијата на популарниот фустан на преклоп ѝ се препишува на белгиската модна дизајнерка Дајан фон Фурстенберг, иако историчарите на мода посочуваат дека базичниот модел во 1930-те го креирала Елза Сјапарели.

Но, факт е дека Фурстенберг го популаризираше и нашироко му ги отвори вратите во комерцијалната модна индустрија во 1970-те.

Нејзиниот препознатлив модел е со миди должина, длабок V израз, со долги ракави и изработен од жерсе.

Но, универзалниот карактер на ова модно парче, како и неговата способност да се прилагоди на сечија фигура, го издвоија како едно од омилените на жените ширум светот, на што модниот свет реагираше со богата понуда на различни варијации на овој модел.

Скроен е така што ги истакнува женските атрибути, го потенцира струкот, а неговата естетика е соодветна за различни пригоди.

Денес, моделот на преклоп има толку многу верзии: во мини, миди и макси должина, без ракави или со кратки ракави, изработен од различни материјали и ткаенини, во целиот спектар на бои и комбинации на дезени.

Издвојуваме 20 женствени модели што лесно може да го пронајдат своето место во сечиј плакар.

Објавено:
12 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.422 пати