Тренди: Фустани на преклоп – идеални и за жените се облини

30 април 2015

Кога Дајан фон Фурстенберг го дизајнирала фустанот на преклоп (односно фустан на врзување) во 70-те години, сигурно не насетувала дека ќе доживее толкава популарност и дека ова дизајнерско парче ќе стане синоним за женственост, симбол за слободен дух и многу повеќе од  „фустан“.

Со текот на годините, овој фустан се трансформираше и добиваше различни дезени, должини и форми, но неговата функција остана иста: да ги истакне најдобрите атрибути кај секоја жена.

Главната придобивка кај ова парче облека, е тоа што одговара на различните конституции на женското тело, односно ја нагласува женствената линија. Исто така, едноставно се вклопува во различните стилски идентитети, а може да се комбинира и во погламурозни изданија, како и во едноставни, минималистички и секојдневни изгледи.

Со или без ракави, мини, миди или макси, дезенирани или монохроматски, постојат голем број начини како да се носи овој тип на фустан кој потсетува на времето на Софија Лорен, кога холивудските убавици и модни икони ја потенцираа женственоста и своите облини, помеѓу другото и со изборорт на соодветен фустан на преклоп.

 

Објавено:
30 април 2015
Категорија: 
Тренд