Ако сте девојка која ги следи трендовите, тогаш веројатно на социјалните мрежи сте ги погледнале фантастичните фустанчиња со копчиња кои оваа сезона се вистински хит.

Фото: Pinterest

Девојките ги обожаваат во сите форми и бои - куси, долги, со разни детали, со копчиња поставени на средина или на страна, асиметрични и какви уште не.

Оваа пролет дефинитивно треба да вложите во вакво фустанче, бидејќи истото е совршено за бројни пригоди, почнувајќи од секојдневните работни обврски, па сè до вечерните излегувања и разни свечени пригоди.

Фото: Pinterest

Ако судиме по Инстаграм, трендсетерките пролетва најмногу ги обожаваат белите фустани со големи кафени копчиња кои ги комбинираат со рамни сандали или стилски патики.

Овие фустани дефинитивно ќе бидат хит и летово, кога ќе се носат фустани на куси или без ракави во кои полесно ќе ги поминеме топлите денови.

Фото: Lyst

Во галеријата ги издвоивме најубавите што досега ги имаме сретнато, а на вас останува да го одберете омилениот модел во кој ќе блеснете.

Извор: Index.hr/rouge

Објавено:
30 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.178 пати