Есента дефинитивно дојде, па време е за промените кои сакавте да го направите подолго време. Покрај тоа што треба да направите промени во плакарот, совршен момент е да си направите нова фризура со која ќе ја одбележите новата сезона.
Веќе знаете дека вистински хит оваа сезона се кратките коси, иако можеби не се соодветни за ниски температури, но во комбинација со некој шик шал, марама или шапка, ќе се заштите од ладното и воедно ќе изгледате кул.
Ако сепак, не сте за толку куса коса, скратете ја некаде до ушите и променете ја бојата со што ќе добиете целосно нов изглед.
Ванила виолетовите прамени се нов хит на Инстаграм кои се резервирани за русокосите девојки и кои одлично изгледаат во овие есенски денови.
Познатиот канадски фризер Крис Вебер Мирлах прв ја направи оваа фризура на една девојка, по што истата за кратко време стана хит на социјалните мрежи.
Како што пренесува магазинот Мери Клер, до оваа совршена боја тој дошол со мешање на две други кои не биле негов вообичаен избор.
Овој тренд може да го пробаат и девојките со потемна коса, но сепак, најдобро изгледа на оние кои имаат руса коса или некоја друга светла нијанса.
Како ви се допаѓа новиот есенски тренд?
Инфо: Index.hr/rouge
Фото: Index.hr/rouge, Marie Claire