Фустанот што го сакаме есенва...

19 септември 2016

Не мора со летото да се збогувате и со бохо-стилот. Напротив. Есенва ќе бидат актуелни и парчиња што вклучуваат широки кроеви и везови, па изберете го вашето омилено, независно дали се работи за јакна, здолниште, блуза...

Нашето омилено парче за следнава сезона е токму таков фустан-кафтан. Инстаграмот е преплавен со овој модел, кој доаѓа во разни бои и внесува веселост во есенската идила.

Особено вниманието ни го привлекоа оние на брендот Vita Kin од Киев, еден од омилените и на уредничката Ана Дел Русо. Кога нивните производи се најдоа на Net-A-Porter, беа продадени за неполни 30 минути, и покрај тоа што цената на едно парче се движеше и до 2.350 долари.

Секако, постојат и реплики по уличните брендови, што секако се добредојдени. Во комбинација сосоодветни модни додатоци, ова е една од нашите омилени комбинации за оваа есен, а неколку предлози гледате во продолжение:

Објавено:
19 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.609 пати