Гумени чизми за дожд кои ќе направат да ги засакате врнежливите денови

14 октомври 2022

Сивите и врнежливи денови неретко имаат моќ да го расипат нашето расположение, особено доколку сме принудени да излеземе надвор од удобноста на нашиот дом. Помислата на тоа дека постои можност да ги намокриме чевлите и да бидеме принудени да останеме со мокри нозе извесно време, воопшто не е пријатна.

Но и покрај тоа, гумените чизми за дожд кои се најпрактични за овие климатски услови се наоѓаат помеѓу најизбегнуваните парчиња. Причината за тоа лежи во фактот што многу долго време низ модната историја, неатрактивниот изглед на овој модел на чизми воопшто не еволуирал.

За среќа, нештата во последно време видно се менуваат. Од модните компании кои размислуваат во таа насока, сè почесто добиваме одлични, практични и удобни модели на гумени чизми за дожд кои од година во година изгледаат подобро и попривлечно.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Оваа сезона сме сведоци на нови модели на гумени чизми за дожд, совршени за есенското променливо време, со нови детали кои додаваат допир на шарм или нови модели кои ги имитираат најпопуларните модели на чизми.

Фото: Pinterest

Од класици како што се гумени чизми Хантер и Барбур до модерни изданија кои можете да ги најдете во продавниците на Zara или H&M и high-street продавниците за чевли, како што се CCC или Deichmann, денешниот избор на атрактивни гумени чизми е навистина широк и постои голема можност да се вљубите во одреден модел што ќе го носите секоја сезона.

Фото: Pinterest

Во прилог ви претставуваме неколку одлични примери на шик комбинации со гумени чизми за дожд во кои ќе изгледате убаво, а наедно и ќе се чувствувате комплетно безгрижно.

Фото: Pinterest

Објавено:
14 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.808 пати