Како да изгледате шик дури и кога надвор е врнежливо и тмурно

30 септември 2022

Кога надвор е мрачно, облачно и дождливо, лесно можеме да ја изгубиме мотивацијата да се потрудиме околу нашиот изглед. Неретко сме се нашле во ситуации кога се откажуваме од доброто планирање на аутфитот и се одлучуваме за најздодевните комбинации затоа што „и онака ќе наврнеме, а и онака никој нема да ни посвети внимание".

Но тука лежи нашата најголема грешка.

Со овој начин на разлислување, се убедуваме дека се дотеруваме за другите наместо за нас самите, и ги потврдуваме негативните чувства за дождливите есенски денови.

Фото: Pinterest

Наместо тоа, ние денес ќе се обидеме да ви го промениме ставот, да ве натераме да го засакате есенскиот дожд и да уживате во него и кога сте надвор на отворено, додека истовремено се чувствувате убаво и удобно во облеката што ја носите.

Фото: Pinterest

Шик мантили, впечатливи дезени на гумени чизми, есенски капути, необични модни додатоци и чадори се само дел од елементите кои можат да ја развеселат вашата есенска гардероба кога врне дожд и да внесат шаренило и стил во сивилото надвор.

Фото: Pinterest

Па еве неколку примери како да си ги разубавите тие денови преку изборот на правилни парчиња облека и аксесоари.

Објавено:
30 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.638 пати