Храбри неонски бои ќе ја обележат оваа пролет-лето сезона

19 април 2018

Она што ќе ја обележи оваа пролетна сезона, од аспект на модните трендови, е бесконечниот колорит во кој доминираат, интензивните неонски бои.

Се појавуваат како омилена палета кога се во прашање модните додатоци, но неретко во неонски бои оваа пролет се обоени и омилените парчиња облека: елегантните комбинезони, романтичните фустани и дводелните костуми.

Доколку не сакате да експериментирате со боите и цврсто се држите до проверената, неутрална палета, тогаш може да се обидете да го освежите изгледот со некој мал, но впечатлив детаљ во неонска нијанса, како на пример обетки во јака портокалова боја или високи потпетици во „циклама" нијанса.

Издвојуваме што е актуелно во уличната мода, а го носи веселиот дух на неонската палета.

Објавено:
19 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
773 пати