Како да носите неонски нијанси

13 јули 2013

Неонски нијанси

Еве неколку предлози

-Ако имате светол тен а сакате да носите неонска боја, не ја носете само неа. Секогаш искомбинирајте ја со нијанси на праска, слонова коска, па дури и светло виолетова. Така, неонската боја нека биде одоздола, а неутралната одозгора. Контрастот што се создава ќе направи модерна и свежа комбинација.

-Здолниште од кожа во неонска нијанса. Да, тоа е тренди парче, но не го комбинирајте со маица во слична нијанса или боја со ист интензитет. Во ваков случај најдобра е белата маица. На тој начин, здолништето ќе биде истакнато, а маицата од друга страна ќе внесе смиреност и чистота во комбинацијата.

-Ако добро ви стои сина, најдете парчиња во електронска нијанска на бојата. Ако пак, ја сакате нијансата на праска, тогаш одберете интензивна портокалова.

-Ако не сте љубител на облека во неонски нијанси, тогаш свртете се кон накитот. Смирените нијанси на облеката и интензивниот накит се одлична коминација. На истиот начин можете да си играте и со шминката.

-Комбинирајте ја црната со неонски нијанси. Но, внимавајте. Не секоја боја одговара на црната, иако ви изгледа неверојатно. Интензивната жолта и црната не се добра комбинација. Ќе се создаде преголем контраст. Подобра варијанта се интензивната темна сина или виолетова.

-Уште еден моден додаток кој трпи неонски нијанси се чантите за преку рамо.

Објавено:
13 јули 2013
Категорија: 
Тренд